×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, кажа Пендаровски во Пелинце

    02.08.2023 15:46 | Сузана Николиќ

    Претседателот на Македонија Стево Пендаровски на денешното одбележување на 2 Август – Илинден во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце , потсети дека Гоце Делчев сакал не само слободна земја како територија, туку и слободен народ, зашто не сакал земја без народ. 

    Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, кажа Пендаровски во Пелинце

    Тој тоа го поврза со денешното заминување првенствено на младите наши сограѓани, барајќи држави со подобри услови за живеење и без корупција.

    „Денес на ден Илинден, сеќавајќи се на трите македонски републики – Крушевската од 1903-та, АСНОМ-ската од 1944 и независната од 1991 година, треба да бидеме свесни дека само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска“, предупреди Пендаровски.

    Со сегашното темпо на иселување на младите, за Претседателот постои реална опасност многу бргу да ја достигнеме критичната демографска точка по која нема враќање. 

    Затоа смета дека на државата и се потребни европски реформи,  без бирократски импровизации и партиски и бизнис- махинации, за преговорите за членство во Европската Унија. 

    „Европската интеграција е незаменлив катализатор за длабока трансформација на секоја општествена сфера. Интеграцијата ќе ни помогне да изградиме функционална правна држава со независен и ефикасен судски систем како предуслов за економски раст и одржлив развој. Преговорите ќе ни помогнат да ја направиме корупцијата помалку општествено прифатлива, а културата на неказнивост да ја замениме со култура на одговорност и личен, морален интегритет. При тоа, треба да ни е јасно дека добра алтернатива за европските реформи – не постои! Надворешните пречки не смеат да бидат алиби за забавување на реформите. Напротив, мора да го мобилизираме секој сегмент од општеството во искоренување на корупцијата, непотизмот и криминалот. Уште поважно, токму европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес, а тој е, да ги мотивираме младите да останат во државава и да се вклучат во изградбата на европска Македонија“, кажа Пендаровски.