Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија Куманово утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на слики на академскиот уметник Агрон Салиу.
Пред публиката ќе бидат претставени повеќе од 70 минијатури - масла на картон, дела кои претходно се изложувани во Берлин. Агрон Салиу е роден во 1984 година вo Teтoвo. Дипломирал нa Тeтoвскиот Универзитет, факултет за Ликовна Уметност отсек сликарство во класата на проф. Илиријан Беќири. Самостојни изложби уметникот реализирал во Кичево, Берлин, Париз, Скопје и Тетово, а учествувал на групни изложби во Гостивар, Тетово, Скопје, Сараево и други градови.
Изложбата во Куманово ќе трае до 10 март.