×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Самостојна изложба на Благојче Наумоски - Бане во Уметничката галерија во Куманово

    19.11.2024 12:11 | KumanovoNews

    Изложбата „Енергија на светлината“ на Благојче Наумоски Бане, ќе биде отворена утре во 20 часот во Уметничката галерија во Куманово.

    Самостојна изложба на Благојче Наумоски - Бане во Уметничката галерија во Куманово

    Продукцијата е дел од серијалот „Урбани трансформации“, кој заеднички проект со неговата колешка Јехона Еридини.

    На изложбата е работено во последните две години, а делата се нешто сосема ново од се она што досега авторот го работел.

    „Овој проект се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот. Тој со своите моќни, монолитни и често минималистички форми, нуди богат визуелен јазик за интерпретација, преку кој со своите необработени конкретни форми, неукрасена функционалност и импозантно присуство, долго време ја плени мојата имагинација“, вели Благојче Наумоски Бане, во најавата за изложбата.

    Благојче Наумовски-Бане е роден 1985 година во Кичево. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на педагошкиот отсек сликарство во класата на проф. Рубенс Корубин, а подоцна и мaгистирирa од областа на сликарството. Изложувал во Берлин, Њујорк, Отава, Љубљана, Париз, Прага, Виена, Хаифа, Приштина.

    Изложбата „Енергија на светлината“ е вон програмски проект на НУ Музеј Куманово, а под покровотилство на Министерството за култура и туризам. Заинтересираните ќе можат да ја видат до 2 декември.