Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово вечерва ќе биде отворена најновата самостојна изложба на Мухамет Идризи, насловена „Визуелна хармонизација на природното богатство“. На изложбата ќе бидат претставени 16 слики на авторот.
Мухамет Идризи е роден е 1986 година во Куманово. Дипломирал на Државниот Универзитет во Тетово, отсек сликарство, во класата на професор Иљиријан Беќири во 2009 година. Магистерските студии ги завршил на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” – Скопје, во класата на професор Јован Шумковски во 2019 година, насока – сликарство. Од 2010 година работи како наставник во основно училиште во Липково.
Изложбата ќе биде отворена до крајот на месецот.
Идризи веќе има настапувано со свои ликовни дела во Куманово, пред 8 години се претстави со својата прва самостојна изложба „Универзумот на родниот крај “.