×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Самовработување со кредитирање за млади невработени лица

    05.06.2014 10:05 | KumanovoNews

    До 18 јуни младите невработени лица до 29 години можат да аплицираат за самовработување со кредитирање.

    Самовработување со кредитирање за млади невработени лица

    Направени се измени така што на младите ќе им се одобрат повеќе пари за новоотворено работно место за разлика од претходно. На кредитобарателот му се одобруваат 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место наместо 3.000 сега младите добиваат по 4.000 евра. Ќе се финансираат проекти со најмногу 5 вработувања, односно ќе се доделат најмногу 23.000 евра. Целна група се младите, така што и кредитобарателот и луѓето кои ќе се вработат треба да бидат до 29 години.

    Рокот за враќање на кредитот е 7 години со вклучен грејс период од година и пол.