×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поправени тротоарите кај Соколански парк, остана уште прекопот на улицата, велат надлежните

    13.10.2023 08:50 | Оливера Пешевска

    Асфалтирани се оштетувањата на тротоарите на улицата Народна револуција покрај Соколанскиот парк.  Од Општина Куманово потврдуваат дека се санирани и проодни тротоарите.

    Поправени тротоарите кај Соколански парк, остана уште прекопот на улицата, велат надлежните

    „Компанијата Македонски телеком ги санираше тротоарите на Народна револуција, но има обврска да ги поправи и врати во првобитната положба и пресекот на улицата. Во овој период ќе продолжиме и со асфалтирање на тротоарите на улицата Бајрам Шабани. Секторот за комунални работи спроведува редовни активности според програмата и санираме секаде каде е интервенирано, но и онаму каде е однапред планирано“, изјави Момчило Јовановски, од Секторот за комунални работи.            

    Улицата Народна револуција беше раскопана од страна на ЈП Куманово-гас, поради проширување на гасоводната мрежа. Но,на веќе руинираните улица се извршија и градежни интервенции и поставување на нова инсталација и на други фирми. Подоцна, коловозот беше асфалтиран, но не и тротоарите. Сега се уште стојат раскопани и има дупки на повеќе места меѓу коловозот и рабниците на тротоарот.

    Оваа сообраќајница е доста фреквентна, води до средното училиште Наце Буѓони, интернатот, до градските гробишта, го поврзува и селото Пчиња и околината со градот. Граѓаните често реагираа до медиумите, но не очекуваа брзо и ефикасно разрешување на проблематичните сообраќајни точки. 

    Според законот, секој кој изведува градежни зафати или интервенции на јавни прометни површини по завршување на работата мора да ги врати во првобитната состојба.