Сараќини во посета на каменоломот Краста
12.04.2013 08:11
| KumanovoNews
Mинистерот за економија Ваљон Сараќини, заедно со директорот на Државна техничка инспекција Екрем Буњаку, денеска ќе го посетат локалитетот „Краста“, каде се врши експлоатација на минерална суровина-варовник.

Целта на посетата е да се направи увид на терен и да се апелира до концесионерите за навремено плаќање на концесиските надоместоци и претстојните засилени контроли за нелегална експлоатација на минерални суровини.
(фото архива)