Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ловечкото друштво “Шќипоња“ организираше две хајки за лов на штетен дивеч.
Во организираните хајки се ловат волци и лисици. Се собираат ловците, има неколку групи, едни се во заседа, други се во хајка и доколку се отстрела нешто се пријавува во инспекција за ловство. Предвидени за овој период се две хајки, една на 9, а другата на 16 февруари - велат од “Шќипоња“.
Хајките ќе бидат организирани во липковско и во близина на с.Лојане. По завршувањето на февруари дивечот се размножува и тогаш не се организираат хајки.