×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ денеска ќе го објави кандидатот за градоначалник на Куманово

    24.08.2021 08:40 | Сузана Николиќ

    СДСМ за денеска најави дека ќе ги објави преостанатите кандидати за градоначалници за локалните избори на 17 октомври.  

    СДСМ денеска ќе го објави кандидатот за градоначалник на Куманово

    Меѓу нив треба да ќе се најде и кандидатот за градоначалник на Куманово. Но, со оглед на неусогласеноста во општинската организација, можно е обелоденувањето на името да се чека до 30 август кога е крајниот рок за собирање на потписи за независни кандидати.

    Кандидатури за градоначалник на Куманово во партијата достави актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, претседателката на Советот Атина Мургашанска, пратеникот Мартин Костовски и секретарот на партијата Оливер Илиевски. 

    На анкетите коишто ги спроведува партијата додадени се и имињата на директорката на Кумановската болница, Снежана Захариева и на поранешниот пратеник Љубиша Николиќ. 

    Извори од партијата велат дека најголем рејтинг на сите анкети има Димитриевски, но деновиве се спроведува нова теренска и телефонска анкета во кои го нема името на актуелниот градоначалник.

    И додека се чека официјално објавување на кандидатот,  Димитриевски, Илиевски и Костовски изработуваат и презентираат  програми и видео проекти и  работат на самопромоција меѓу граѓаните.