Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на СДСМ денеска ја промовираше кампањата “Отвори врата за иднината“ и ги претстави членовите на општинскиот изборен штаб.
Пратеникот Оливер Спасовски ќе го води изборниот штаб на СДСМ во Куманово на престојните локални избори.
Општинскиот изборен штаб од први октомври започнува со реализација на проектот “Отвори врата за иднината“ преку кој сакаме да ги посетиме сите граѓани на Куманово и заеднички да ја испишеме изборната програма за локалните избори 2013 година. Заеднички да ги утврдиме проектите кои што се приоритет и интерес на сите во Куманово. Заеднички да продолжиме да го градиме и развиваме нашето Куманово, заеднички да ја изградиме иднината на нашето мало и нашиот град - рече Спасовски.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, кој ќе се бори за уште еден мандат на престојните избори, најави дека во наредниот период со кампањата “Отвори врата за иднината“ и во непосредни средби ќе ги утврдат реалните потреби на граѓаните за изборната програма.
Оваа политичка гарнитура која го води градот два мандата, и во изминатите 7,5 години од нашето дејствување имаше постојани средби со граѓаните. Врз основа на тие средби ние ја пишуваме развојната програма која е во интерес на граѓаните на Куманово. Оваа програма ќе ја направиме до крајот на годината а ќе се однесува за наредните 4 години. Тоа ќе биде изборна програма за престојните локални избори. Успехот на нашата локална самоуправа се гледа во реализираните проекти и инвестиции во инфраструктурата, образованието и спортските терени- изјави градоначалникот.
Од партијата најавија дека во иднина месните штабови на СДСМ ќе бидат отворени за сите граѓани кои имаат конструктивни идеии. Тие очекуваат дека ќе изготват добра програма и ќе добијат четиригодишен мандат за да го реализираат ветеното.