Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската СДСМ денеска се заблагодари на своите членови, симпатизери и на сите граѓани за големиот одзив на протестниот марш „Доста е! Избори се за својата иднина„ и несебичната подршка што ја дадоа на партијата.
Нашите верни членови беа најбројни, секогаш подготвени да застанат во одбрана на демократијата и да го кренат гласот против секакво ограничување на човековите права и слободи, против диктатурата и пресијата на владеачкиот режим. Имавме подршка и од коалиционите партнери, но и граѓаните кои никогаш не биле членови ниту на една политичка партија што е показател дека на народот му е веќе доста од лаги, празни ветувања од „Преродба во 100 чекори„, изолација и оддалечување од Еу и НАТО. Сите беа заедно Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи, Турци и припадници на другите етнички заедници заедно со единствена мисла да живееме во демократска Македонија која сите ја посакуваме - рече претседателката Снежана Захариева на прес-конференцијата.
Таа истакна дека студеното време не ги спречило кумановци да излезат во инпозантна бројка од околу 3000 луѓе и да се приклучат на реката луѓе кои го преплавиле Скопје, и покажале дека имаат политичка култура бидејќи маршот поминал без ниту еден инцидент.
На обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека на сила ги натерале вработените во јавните претпријатија и образованието да одат на маршот, Захариева одговори:
СДСМ не се служи со репресивни мерки, како што е отпуштање од работа што е стил на ВМРО-ДПМНЕ. Мината недела видовме како се бркаат од работа вработени од Центарот за социјална работа и како се дезинформира јавноста за целиот случај.Ниту еден вработен од институциите што се во владение на локалната самоуправа не е избракан, ниту пак ќе биде избркан затоа што не дошол на митинг.Тоа што поголемиот дел од вработените се членови или симпатизери на СДСМ тоа е нивна лична определба.