×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ја има најдобрата понуда за Куманово, порача Илиевски

    28.09.2021 09:33 | Сузана Николиќ

    СДСМ ја нуди најбогатата програма за кумановци и ја има најдобрата понуда за Куманово. Проектите ги пишувавме систематски цела една година, правевме анкети на граѓаните, одевме прашувавме по населбите, пресметавме за секоја инвестиција колку пари ќе чини, најдовме од каде ќе се финансира и потоа го ставивме во програмата, кажа на синоќешната промоција кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски. 

    СДСМ ја има најдобрата понуда за Куманово, порача Илиевски

    „Во програмата имаме проекти за најмалите, за младите, за возрасните, за сите населби и села, за сите кумановци. Предвиден е развој на спортот, нови спортски терени, нови паркови, 50.000 дрвја, нови пешачки и велосиперски патеки, кеј од влез до излез на Куманово, реализација на проектот „Мој еколог“, 80 км улици, нови детски градинки, катни гаражи, нов булевар, градски стадион, гасификација на Куманово, 12 градско шеталиште, чисти реки, чисто, зелено, модерно Куманово“, рече Илиевски.

    Тој посебно ја истакна потребата да се направи подземна сообраќајница под Градскиот плоштад, која ќе создаде услови да се спојат двата плоштади и да се изгради шеталиште во централното градско подрачје. За капиталните проекти ќе бара поддршка од централната власт. 

    „Порака која што сакам да им ја испратам на министрите од Куманово, на Владата и на премиерот Зоран Заев е дека ние од Општината ќе работиме на исполнување на целата програма која ја ветуваме пред кумановци, но за најголемите капитални инвестиции ќе ви испорачаме проекти, а вие сте должни да обезбедите пари за нивна реализација, вие сте должни тоа да го направите за Куманово и кумановци. Си дадовме збор дека ќе испорачаме резултати на граѓаните и мора да го направиме тоа“, кажа Илиевски.

    Тој им порача на вработените во локалната самоуправа и во јавните претпријатија дека сите заедно треба да се вклучат и да работат да го направат Куманово поубаво место за живеење за сите граѓани. 

    „Ние тоа им го должиме на граѓаните, на нашите деца и на нашите поколенија. Спремете се заедно да работиме и заедно да се радуваме на успехот. Затоа ги повикувам сите граѓани, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи и сите останати, ние сите заедно Кумановци на 17 октомври да излеземе на избори и да го избереме најдоброто за Куманово, со заокружување на бројот 12“, кажа Илиевски.
     
     Во однос на опозицијата кажа дека таа имале време 12 години да го гради Куманово, но за тој период изградила само две тениски игралишта во Куманово и сега нема образ да бара поддршка.

     Потпреседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на промоцијата на кандидатот за градоначалник и листата за советници на Куманово истакна дека заеднички со граѓаните треба да одлучиме каде сакаме да се движиме во наредните четири години, во каков град сакаме да живееме и какво Куманово ќе им оставиме на идните поколенија.

    „Дали ќе се насочиме кон акција за поубаво, европско Куманово, онакво какво што веќе сме си го проектирале и во нашите глави, а и во конкретна програма со цели и активности според желбите и потребите на нашите кумановци, какво што секојдневно го надградуваме во нашите секојдневни разговори, маалски средби и седенки, Куманово кое ќе биде современ одраз на оној еснафски град што го создавале нашите предци и биле горди на него, а кое сакаме да им го оставиме во аманет на нашите деца и внуци за да имаат и тие со што да се гордеат. Или, пак, кон празни зборови, опустошена држава, осиромашени граѓани и институции затворени за јавноста, опасни центри на моќ, поделби, застрашувања, закани, суспендирана правда, меѓународна изолација, погазена демократија, назадување на чекор до бездна….“ потенцираше потпреседателот и министер Спасовски.