×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ обвинува за политички притисок, а ја користи централната власт за поставување на директори, кажа Петковски

    04.10.2023 15:31 | Оливера Пешевска

    „Здружението “За Наше Куманово” како и досега така и во иднина ќе продолжи да се бори директорите да бидат пред се способни, квалитетни и компетентни непартиски кои ќе ги водат училиштата, а не по секоја цена да бидат партиски војници“, е одговорот на Здружението „За наше Куманово“, по вчерашните обвинувања од СДСМ дека градоначалникот врши политички притисок при поставување на директори во основните училишта.

    СДСМ обвинува за политички притисок, а ја користи централната власт за поставување на директори, кажа Петковски

    „Обвинуваат за политички притисок, а всушност тие самите користејќи ја силата на централната власт по кој знае кој пат наметнуваат за директор на ООУ „11 Октомври“ партиски војник, преку ресорниот министер за образование и наука. Историјата се повторува, бидејќи не е прв пат на сила да се поставуваат директори директно од министри, веќе знаете што се случуваше со градинката "Ангел Шајче“. Со оваа одлука наместо до целосна децентрализација на институциите, повторно се враќаме на нивна целосна централизација. И уште нешто во врска во избор на директор во оваа училиште. До градоначалникот е пристигната петиција потпишана од страна на наставниците од ООУ „11 Октомври“, во која бараат да се постави директор од редот на вработените, поради специфичноста во работа и моменталната состојба на училиштето. Вработените во петицијата сметаат дека лице од друго училиште не ги познава состојбите, начинот на функционирање и работите во ова училиште“, изјави Стефан Петковски, портпарол на здружението.

    „За Наше Куманово“ е спорно и тоа што Министерството за образование и наука донело Решение за избор на директор на „11 Октомври“ од 24 август годинава, а мандатот на предходниот директот било до 9 септември, со што во училиштето имало две директорки во исто време.

    Во однос на обвинувањата за често менување на в.д. директори во ООУ „Крсте Мисирков“, велат дека тоа е така затоа што наставниците на кои им е истечена лиценцата не можат да ги обноват, затоа што веќе две години не работи Државниот Испитен Центар, кој одработува за партиска агенда на СДСМ. 

    „Овие јалови напади изнесени на прес конференцијата од страна на ОО СДСМ Куманово, се со цел дефокусирање на јавноста од погубните политики на централната власт кои целосно го урнисаа образовниот систем, без учебници и со концепции кои не се прифатливи ниту за наставниците, ниту за учениците, ниту пак за родителите“, изјави на Петковски.