Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на општинската организација, СДСМ синоќа организираше коктел за своите членови и пријатели. Присутните ги поздравија и новогодишните празници им ги честитаа претседателката Снежана Захариева, пратеникот Оливер Спасовски и градоначалникот Зоран Дамјановски.
Имавме доста предизвици, изборна година, која за жал на централно ниво победата ја однесе ВМРО-ДПМНЕ, но на локално ниво бевме и останавме владејачка партија. Продолжуваме со една светла традиција на оваа општинска организација, која се вика зголемување на бројноста на членството, зголемување на активноста и јас сум повеќе од сигурна дека во 2012 година не само што ќе не има повеќе, туку ќе служиме како пример на сите останати општински организации- рече Захариева.
Сопартијците си посакаа многу здравје, среќа, личен и професионален успех, а на партијата напредок и победа на Груевски на наредните избори.