×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ убедливо ќе победи на локалните избори во Куманово, порачаа учесниците на трибината „Најдоброто за нашата општина“

    01.07.2021 07:12 | KumanovoNews

    Од трибината „Најдоброто за нашата општина“, која синоќа се одржа во Куманово, СДСМ  испрати порака дека е фаворит на локалните избори, без разлика кој ќе биде кандидат за градоначалник, затоа што последните 4 години од нивното владеење ги оправдале очекувањата на граѓаните и го унапредиле условите за живеење во општината и државата.

    СДСМ убедливо ќе победи на локалните избори во Куманово, порачаа учесниците на трибината „Најдоброто за нашата општина“

     Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, кажа дека во овие четири години ги реализирале ветувањата, покажале вистинска грижа за сите граѓани, го поставиле и живее концептот Едно општество за сите.

    „За 4 години во Куманово и околните општини во патна инфраструктура се инвестирани 121 милион евра, инвестирано е во сите регионални патишта. Меѓудругите патниот правец Куманово – Свети Николе, изграден по 40 години, Куманово-Никуштак, Куманово – Опае, новиот пат до Белановце, после 50 години целосно е реконструиран патот до граничниот премин Пелинце, по 40 години е реконструиран Искрин мост, а почнува реконструкција на мостот во Проевце. Ќе продолжиме и во наредниот период Куманово да го направиме модерен град, гордост на сите Кумановци, гордост на целата држава,“ порача Спасовски.

    Градоначалникот Максим Димитриевски смета дека поминале тешките моменти кога Куманово било ставено на маргините на државата, додека денеска има големи можности и се развива и гради.

    „Куманово е единствена општина, која беше блокирана, намерно вештачки од претходната власт а сега е раздолжена. Денеска на сметката има 167 милиони денари граѓански парти, и со нив ќе продолжиме да го градиме наше заедничко Куманово“, подвлече Димитриевски.

    Пратеникот Мартин Костовски порача дека со сето она што е сторено за Куманово во овие четири години, СДСМ останува најголем фаворит за нова убедлива победа на локалните избори на есен.

    „Без разлика кој ќе биде кандидат за градоначалник, СДСМ повторно убедливо ќе победи на претстојните локални избори, без разлика на кандидатот, СДСМ дава збор дека се што ќе се најде во програмата која заедно ја пишуваме, тоа ќе биде реализирано со сигурност, затоа што покажавме дека за нас зборот е збор“, заклучи Костовски.

    Пратеничката Лидија Тасевска подвлече дека додека СДСМ во сите сфери на општественото живеење го подобрило животот на нашите сограѓани, а ВМРО-ДПМНЕ шири лаги-доказ за нивната слабост и немоќ, во законодавниот дом ги блокираат и кочат сите важни законски решенија.