Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СДСМ денеска ја обвини централната власт на чело со ВМРО ДПМНЕ, дека во Куманово вработува луѓе на највисоките јавни и општествени функции од други градови, и со тоа ги потценува кумановци.
Минатата година во Куманово од страна на центалната власт беше назначен обвинител од Скопје, а во Основниот суд во Куманово избрани се двајца нови судии, едниот од Кратово, другиот од Крива Паланка. Капак на се беше минатонеделното именување на уште двајца обвинители од Скопје- изјави портпаролот Дарко Станојковски на денешната прес конференција.
Од партијата прашуваат дали во Куманово нема високо образован кадар кој може да ги извршува овие функции и дали млaдите луѓе кои што завршуваат високо образование, и вложиле и средстава и труд во образовниот процес, не заслужуваат да добијат шанса да се докажат во својот град и дали кадрите од другите градови, на било кој начин, имаат подобри предиспозиции за вршење на општествена функција?
Во основниот Суд Куманово има 19 стручни соработници, од кои некои имаат над 10 годишно работно искуство во матичната институција, и сите ги исполнуваат условите да бидат именувани и избрани за судии во Основниот суд.Овие кадри се ставаат настрана и на нивно место се промовираат судии од други градови- смета Станојковски.
СДСМ јавно побара до ВМРО ДПМНЕ да излезе со објаснување зошто се прават вакви кадрови решенија и да им каже на младите луѓе кои што завршиле или планираат да запишат факултет, дали треба да сменат и адреса на живеење т.е. да се иселат од Куманово како би можеле да добијат работно место во нашиот град.