Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СДСМ во Куманово врши притисоци врз вработените во СВР Куманово при МВР, во здравствената установи, во градинската и на вработените во образовните институции, обвини Николај Павловски од независната листа за советници „За наше Куманово“, на денешната прес-конференција.
Тој покажа фотографија со порака, за која тврди дека е испратена од партијата, а содржи злоупотреба, нефер и недемократско однесување во пресрет на локалните избори.
„Во пораката којашто СДСМ Куманово ја испраќа до вработените во државните институции јасно бара од нив капитените на список да достават 10 до 15 гласачи, а списоците да бидат доставени до четврток 16 септември, до 24 чссот, за потоа да можат да ги комплетираат и донесат во партија. Овие списоци треба да содржат име и презиме, година на раѓање и телфонски број“, тврди Павловски, кој додава дека уште на 11 септември апелирале дека се вршат зачестени притисоци врз вработените во јавната администрација.
Тој побара од институциите на системот да почнат да работат на спречување на ваквиот тип на притисоци, а ДИК да реагира на таквите нерегуларности.
„Да потсетиме дека претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово и пратеник Мартин Костовски, неодамна искажа невистини дека имало недолично однесување и злоупотреба на институциите со притисок и закани во пресрет на локалните избори. Ова е апсолутно неточно и веднаш апелираме да пријават во надлежните институции. Гледаме дека оние што лажно ги претставуваат работите, сега истите тие ги прават“, - вели Павловски.
Павловски вели дека пред неколку години се бореле за слобода и против заплашување, а сега повторно се соочуваат со истиот систем на функционирање пред изборите.