×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се бараат матични лекари за Бајловце и Арбанашко

    20.09.2013 11:49 | KumanovoNews

     Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнаџиева Змејкова, побара од матичните лекари да отворат ординации во руралните средини, бидејќи ќе имаат и одредени бенифиции.

    Се бараат матични лекари за Бајловце и Арбанашко

    Станува збор за две локации во Арбанашко и Бајловце. Доколку има некој заинтересиран доктор да се обрати до ФЗО да го информираме за правата и обврските. Сепак тоа е за рурални места каде има помалку граѓани, односно жители и фондот дава одредени стимулации. Она што ме радува е дека отворени се две аптеки во село Матејче и Старо Нагоричане кои што почнаа да функционираат  од јули годинава врз основа на новиот проект на ФЗО и министерството - додава директорката.

     Таа денеска ја посети подрачната единица во Куманово за да се информира за тоа како се реализираат тековните проекти.  

    Во Куманово 60.000 граѓани веќе ги подигнале здравствените електронски картички, а за уште 35.000 осигуреници  картичките се готови.