×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се чека целосна документација од општината за изградба на Гимназијата „Сами Фрашери“

    08.02.2023 21:20 | Ивана Алексовска

    Министерството за образование и наука чека Општина Куманово да ја обезбеди  целосната документација за да започне изградбата на Гимназијата „Сами Фрашери“.

    Се чека целосна документација од општината за изградба на Гимназијата „Сами Фрашери“

    Владата веќе обезбеди средства за нов училишен објект, но доколку во согласност со документацијата е потребна поголема инвестиција подготвена е да изнајде дополнителен буџет, со цел да се реши деценискиот проблем на учениците кои следат настава во несоодветен објект –во  поранешната зграда на „ЗИК Куманово“.
    Од Општина Куманово е ветено дека за еден месец ќе биде подготвена потребната документација за училиштето.
    „Kомуникацијата со Општина Куманово е во напредна фаза  и ни ветија дека во најбрз можен рок целосно ќе се комплетира документацијата. Тоа значи дека  ќе имаме документација со дозвола за градба во делот каде треба да се гради , ќе ја знаеме  вредноста на проектот и дали ќе има потреба за обезбедување на дополнителни буџетски средства за што како министерство сме подготвени и на тоа.  Се надеваме дека наскоро ќе ја отпочнеме постапката и успешно ќе ја реализираме  изградбата на гимназијата“, изјави министерот за образование Јетон Шаќири.
    Минатата година Владата донесе одлука за почнување постапка за изградба на нов училишен објект за учениците од „Сами Фрашери“.За 2023 година предвидени се  50 милиони денари од буџетот на МОН , а за 2024 година дополнителни 70 милиони денари. Планирано е новата гимназија  да се изгради за период од три години.