Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипи на ЈП „Чистота и зеленило„, предпладнето го чистеа снегот што во текот на ноќта навеја во градот.
Иако снежниот покривач е само неколку сантиметри, снегот се отстрануваше и од плочникот на Градскиот плоштад.
Се работи за редовно одржување во зимски услови. Покрај на плоштадот наши екипи се и на други локации каде имаше потреба од интервенција. Снегот се чисти од пешечките патеки пред да се заледи и да создаде проблеми за непречено движење на граѓаните- вели директорот Сашо Петрушевски.
Од претпријатието велат дека нивните служби подготвено ја пречекуваат зимата и врнежите од снег.