Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска напладне на раскрсницата на улиците „11 Октомври„ и „Братство Единство„ се судрија автобус и комби.
При тоа беше направена незначителна матерјална штета, но се создаде застој и метеж на двете улици.
На оваа раскрсница постојано има гужва бидејќи тесната улица покрај Градската џамија ја користат автобуси и камиони кои го закрчуваат сообраќајот. Дополнителен проблем претставуваат паркираните возила кои го стеснуваат коловозот, а полицијата не ги отстранува. Затоа многу возачи сметаат дека тука треба најскоро да се забрани паркирањето и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.