Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна изградбата на нов мостот на реката Липковка во близина на стадионот Башкими, на местото на стариот, кој пред 8 месеци беше уништен од големите поплави што го зафатија Куманово.
Новиот мостот ќе биде со должина од 14 метри и со широчина од 4 метри. Изградбата ќе трае околу 1 месец, а ќе чини околу 25 илјади евра. Сретствата се обезбедени од граѓански здруженија и жителите на населбата Јоско Илиевски.
Изградбата на мостот започна пред 3-4 дена и ќе се гради по сите европски стандарди, а ќе чини околу 25 илјади евра. Направен е проект од експерти, а ќе се користи квалитетно железо и бетон, - изјави претседтелот на месната заедница Аслан Фазлиу.
Фазлиу додава дека изградбата на овој мост е од големо значење на жителите, бидејќи е најкратката врска со градот. Тој тврди дека во изминатиот период добиле многу ветувања од локалната и централната власт, но попусто. Од општината Куманово се правдале дека мостот го нема во урбанистичкиот план, а министерството за одбрана не го обезбедило понтонски мост како времено решение. Затоа жителите одлучилие работите да ги земат во свои раце.
Мостот се гради од самопридонес, од хумани луѓе од активисти на движењето Беса на кои им сме многу благпдарни.Овој мост ќе биде пример како треба да се работи во општината. Мостот не познава граници и политички бои, по него ќе поминуваме сите, додава Фазлиу.
Мостот на Липковка, беше оштетен при големите поплави на почетокот на годината. Жителите поминуваа по него со голем страв, а посебно се плашеа за безбедноста на своте деца. На околу 500 семејства од оваа неселба овој мост им е најкраток пат до центарот на градот и затоа ја поздравуваат одлуката за негова изградба.