Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Девет кандидати влегле во потесниот круг за избор на раководител за Архивот во Куманово.
Минатата недела во Државниот архив во Скопје потенцијалните кандидати за ова работно место биле на интервју. Се очекува наскоро еден од нив да биде назначен за раководител.
На конкурсот се бараше кандидат со завршени општествени или природни науки, со четири години работа во струката од кои една година во државна служба. Конкурсот беше отворен до 5 месецов.
Архивот во Куманово има 12 вработени, но нема доволно простор и во мали канцеларии работат по двајца колеги.
Владата уште пред две години донесе одлука Кумановскиот архив да се пресели во некогашниот дом на АРМ, откако зградата ќе се реновира и приспособи за потребите на новата институција, но засега ништо.