×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се изедначува таксата за приклучокот на гас во колективните згради

    17.03.2021 13:28 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово денеска ги усвои предложените измени на ЈП „Куманово – гас“, за висината, условите и начин на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем.

    Се изедначува таксата за приклучокот на гас во колективните згради

     Со новите измени се изедначува таксата за приклучокот на гас во колективните згради, која порано имаше различна цена и зависеше од тоа дали  се уплаќа додека е во тек изградбата на гасоводната инсталација или по нејзиното завршување.

    „Со ценовникот од 2015 година за колективните згради беа предвидени две цени за приклучување на гасоводната мрежа. И тоа доколку се приклучуваа во тек на градба на внатрешна гасна инсталација се плаќаше 800 евра, а по завршување на градбата на внатрешната гасна инсталација надоместот беше 1036 евра во денарска противредност. Со овие измени цената на приклучување на домаќинствата во колективните згради се изедначува и изнесува 800 евра“, објасни Кристина Темелковска, од ЈП „Куманово-гас“, на денешната седница.

    Покрај ова, направена е уште една измена со којашто се овозможува идните потрошувачи со уплата од 250 евра во тек на изградба на дистрибутивната гасоводната мрежа, да добијат изграден дел од приклучокот до влезот на нивната парцела односно двор, а подоцна по одобрување на нивната проектна документација од Секторот за урбанизам при Општина Куманово, со доплата до основната цена да им биде изграден комплетен гасен приклучок.

    Со цел да го стимулира греењето на гас и да се намали загадувањето, Општина Куманово со години наназад врши субвенционирање на приклучоците на домаќинствата на гасоводната мрежа. 

    Од оваа година субвенциите изнесува 15.000 денари и вкупниот износ за приклучување на гас на индивидуалните и колективните згради изнесува 550 евра.