×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Очекувам дел од проектите во мојата програма да бидат прифатени од локалната власт, кажа Илиевски

    04.11.2021 20:13 | Сузана Николиќ

    Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски, кој не доби доволна поддршка од граѓаните за функцијата, очекува дел од проектите од програмата „Најдоброто за Куманово“ да бидат прифатени од новата локална власт, бидејќи решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните.

    Очекувам дел од проектите во мојата програма да бидат прифатени од локалната власт, кажа Илиевски

    „Се надеваме дека најголем дел од таа програма ќе биде остварена во идниот период и најголем дел од проектите ќе бидат прифатени од локалната самоуправа, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните“, кажа Илиевски.

    Тој денеска на прес конференција се заблагодари на граѓаните кои што гласаа за него на локалните избори, но и на неговиот тим кој работеше на подготовка на програмата којашто ја претстави пред граѓаните. 

    „Посебна благодарнот до 19.500 граѓани на Куманово, кои ја препознаа и поддржаа програмата „Најдоброто за Куманово“. Сакам да се заблагодарам и на тимот кој учествуваше во подготовка на таа програма. На тимот кој работеше со мене на овие избори и на сите членови и симпатизери на СДСМ кои несебично и до крај  ја извојуваа оваа битка и чесно работеа во кампањата до самиот крај“, истакна Илиевски.

    Тој потсети дека во партиските простории на СДСМ продолжува собирањето потписи на членови и симпатизери за поддршката на СДСМ, Зоран Заев, да остане на функцијата лидер на СДСМ и премиер на Владата.