×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се навршија 43 години од смртта на Тито - кумановци се поклонија пред неговиот споменик

    04.05.2023 16:24 | KumanovoNews

    Делегации од Здружението на воени и полициски ветерани, група граѓани поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз - Тито, Општината, Советот и голем број на граѓани, денеска се поклонија и положија цвеќе на спомен плочата на Грaдскиот плоштад во Куманово. 

    Се навршија 43 години од смртта на Тито - кумановци се поклонија пред неговиот споменик

    Јосип Броз е роден на 7 мај 1892 година во Кумровец, северозападна Хрватска, во регионот Загорје, што тогаш бил дел од Австроунгарија. Тој е седмото дете на Фрањо и Марија Броз.

    Во 1907, преселувајќи се од руралната средина, Броз почнува да работи како ученик на бравар во Сисак. Таму станува свесен за работничкото движење и за првпат го прославува 1 мај — Денот на трудот. Во 1910 се придружува на синдикатот на металуршките работници и станува член на Социјалдемократската партија на Хрватска и Славонија.

    Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 година. Ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на Партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил Премиер на Југославија, а подоцна и Претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија. 

    Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар. 
     
    Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле повеќе од 20 милиони луѓе.