×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се оддржа дебата за меѓуетничката поделеност во школите

    29.03.2014 17:04 | KumanovoNews

    Средношколци и студенти од различни етнички заедници денеска дебатираа како да се надмине сегрегацијата во училиштата во Куманово.

    Се оддржа дебата за меѓуетничката поделеност во школите

    Два тима од ученици презентираа еден позитивен и еден негативен модел како учениците би функционирале во едно училиште. Едните сметаат дека учење во исто училиште ќе донесе повеќе конфликти и тепачки, дека ќе се намали наставниот кадар, а други дека ќе има придобивки, дружење и намалување на предрасудите.

    Учесниците на дебатата потенцираа дека во нашето општество има многу стереотипи за припадниците на другата етничка заедница и тие треба да се искоренат.

     За еден ваков проблем мислам дека има многу малку дебати и активности. Ние сите ја гледаме ситуацијата дека учениците се оптоварени со стереотипи и дека постои голема веројатност дека се поддржани од возрасните, од наставниците и родителите. Дека и возрасните на идентичен начин ги перцепираат другите и тоа доведува до поделеност. Тука има недостаток на самокритичност кај секој од нас - вели Светлана Илијевска Алексовска, професор по граѓанско образование во “Наце Буѓони“.

    Професорот Фатри Салиу кој предава во албанските паралелки на истото училиште смета дека економска стабилност е потребна за да се надмине таа поделеност. Според него било какво “гетоизирање“ државата ја води назад.

    Ќе ви кажам еден прост пример. Сум работел за американска војска едно време и во услови кога има економска сигурност никој со никого не се закача. Многу лесно, многу едноставно. Ако луѓето имаат поголема можност за вработување, за сигурност, се се тоа поврзани садови - рече Салиу.

    Двесетина млади веќе се дел од дебатниот клуб кој го основаше Центарот за меѓукултурен дијалог и кој работи веќе 3 години. Тие ја организираа дебатата во рамки на проектот за УСАИД за “меѓуетничка интеграција“ кој се прави заедно со МОФ.

     Самите деца даваа свое излагање, а имавме и професори говорници кои го даваа своето мислење за процесот на интеграција и како тоа треба да се подобри, како може да стигнеме до интеграција помеѓу учениците и општеството во целина. Имаше ученици од различни училишта кои прашуваа дали сме подготвени за интегрирано образование. Имаше заклучоци дека процесот за интеграција е важен ако сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО - вели Дениз Мемеди, локален координатор на дебатен клуб.

    Младите редовно дебатираат на актуелни теми и се натпреваруваат во дебатирање.


    Проектот на УСАИД за "Mеѓуетничка интеграција во образованието“ спроведен од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование организира јавната дебата на теза „Етничките поделени објекти (не) ја попречуваат интеграцијата“.
     

    Во нашиот град е првата од серијата дебати, каде што се дискутира за улогата на училиштата како катчиња за соживот и колку тие не учат да ја негуваме интеграцијата во нашата заедница.

    Оваа активност е реализирана во соработка со Младински образовен форум.