Се одржа Светосавска академија во Куманово
Српската заедница Куманово, со академија, го прослави националниот празник на Србите во Република Македонија Свети Сава.
Покрај домаќините од политичкиот врв, на свеченоста присуствуваа и гости од Србија.
Присутните ги поздрави претседателот на Српската заедница во Куманово Горан Зафировиќ и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.
Седум години како се слави националниот празник на Србите во Македонија. Човек живее колку и неговите дела, а делата на Свети Сава живеат 750 години. Тоа значи дека неговото дело е големо и вредно и никогаш нема да се заборави, ќе се слави додека постои српскиот род- истакна Зафировиќ.
Беседа за Свети Сава одржа претседателката на СЗМ Гордана Стојковска, по што следуваше богата културно-забавна програма.