Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Водостопанство “Кумановско - Липковско Поле“ ја зголеми наплатата од водокорисниците во липковскиот регион.
Од претпријатието велат дека нивни екипи излегуваат на терен за да им укажат на земјоделците дека е неопходно да ги платат фактурите за потрошена вода за наводнување на нивите. Во спротивно тие нема да можат да добијат субвенции од државата.
Нас ни требаат повеќе водоредари кои сезонски би работеле. За тоа ни треба одобрување од Министерството за финасии. Во услови на криза Владата има донесено одлука да не ги зголемува вработувањата во претпријатијата. Сега имаме 41 вработен. Редарите би помогнале и би го направиле пофункционално Водостопанство “Кумановско - Липковско Поле“, а тоа подразбира чување на количини на вода. Тоа ќе значи поголема присутност на терен каде има изливни метса, шахти за да се намали загубата на вода која е голема - рече Филип Филиповски, директор на Водостопанство “Кумановско - Липковско Поле“.
Тој додава дека индивидуалните земјоделци се должни да ги платат сметките кои им се фактурираат за шест месеци, бидејќи во овој период користат вода за наводнување на земјоделските површини. За разлика од претходните години сега наплатата е зголемена. Филиповски вели дека сите граѓани мора да ги почитуваат законите.
Сметките треба да се подмират до четврти месец наредната година. Секој што не ги подмирил , нема да ги исполни условите за добивање на субвенции. Зависи од површината на земјиштето кое го обработуваат, но тоа не се некои големи износи кои не можат луѓето да ги платат. Присутни сме на терен и на секој на кој му даваме услуга евидентираме преку нашите редари, а потоа поминува и наша контрола - објаснува Филиповски.
Тој вели дека заостанатите долгови ќе ги наплатат со извршители. Во моментов акумулациите Липково и Глажња имаат 13, 5 милиони расположливи метри кубни вода. Слична е состојбата со повеќето акумулации во државата, тие не се испразнети, но водостојот зависи од хидрометеоролошките услови понатаму.