×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се помалку продавачи и купувачи на зелените пазари во Куманово

    10.03.2023 07:36 | Оливера Пешевска

    Големата понуда на овошје и зеленчук во маркетите, застареноста на опремата, недостиг на паркинг простор, како и масовното иселувањето на младите од градот, се причините поради кои пазарите во Куманово се полупразни. 

    Се помалку продавачи и купувачи на зелените пазари во Куманово

    Според надлежните во ЈП „Пазаришта“ искористеноста на големиот пазар е 65 отсто или од вкупно 729 тезги издадени се 450, додека состојбата на реонскиот празар на булеварот „Октомврсика револуција“ е уште полоша,  издадени се само 15 тезги од вкупно 117 .

    „ На зелениот пазар слободни се 279 тезги. Ситуацијата минимално се подобрува во пролет и лето во сезона на земјоделските производи, но и тогаш бројката се искачува до 470. Жална е состојбата во однос на претходните години. Порано имало и кавги, се нудело и мито за да се дојде  до тезга. Реонскиот пазар е целосно нефункционален. И тука се пресликува состојбата од миграцијата на претежно младо, работноспособно население кое не ја гледа иднината во земјоделието. На пазарот има потенцијал за бизнис, корисниците на нашите услуги можат да обезбедат повеќе од една просечна плата“, изјави Гезим Кадриу,директор на ЈП „Пазариште“ Куманово.

    До пред десетина години во пазарните денови-четврток и недела просторот бил преполн. Доаѓале и земјоделци од околните градови, но и населението многу помасовно ги посетувало пазарите. 

    Во моментот проблем се и малите производители кои продаваат надвор од пазарот, на тротоарите. Создаваат грда слика, ја нарушуваат и сигурноста на пешаците, кои се движат по коловоз и оставаат смет и нечистотија од отпадот. Одлуката од октомври минатата година на дневна основа да плаќаат по 160 денари за простор на првото ниво не се почитува и повторно истите луѓе излегуваат надвор од просторот на пазарот.

    Во состав на ЈП „Пазаришта“ функционира и пазарот за стари работи во с. Којнаре, кој последниве години е најпопуларен и за него има продавачи и купувачи.

    Годишната сметка за 2022 покажува дека јавното претпријатие имало 50 илјади евра загуба и тоа во време на двоцифрена инфлација и зголемени трошоци за надоместоци на плата за работа во недела и зголемена цена на енергенси. Со намалени расходи и зголемени приходи менаџментот успеал да анулира загуба од 250 илјади евра. За 2023 проектирана е добивка, можно е минусно салдо само доколку не се стабилизираат цените на струјата и другите енергенси.