Се поправа локален пат во Младо Нагоричане

07.07.2010 11:25 | KumanovoNews

 Започна поправката на локалниот пат во селото Младо Нагоричане во должина од 4500 м.

Се поправа локален пат во Младо Нагоричане

 Денеска започна поправката од магистралниот пат до маалата Џипунци каде што патот ќе се порамни и тампонира, додека до маалата Слатино за прв пат ќе се пробие, порамни и тампонира. Така што и најодалечената и досега заборавена маала Слатино во Младо Нагоричане ќе биде поврзана за прв пат со Општинскиот центар во Старо Нагоричане- соопштуваат од Општината.

Општина Старо Нагоричане во наредната година планира дел од горенаведениот локален пат да го асфалтира за што подготвува и техничка документација и обезбедува финансиски средства.

Со Програмата за изградба и поправка на локални патишта и улици за 2010 година,  исто така, се планира  да се работат и останати патишта во населени места.   

   

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk