Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна монтирањето на т.н. еластична ограда и санација на заштитната ограда на улицата „Тоде Думба“, над потпорниот ѕид на улицата „Драган Стопаревиќ“. За таа намена Општина Куманово издвои 1,5 милион денари.
„Договорот е потпишан на 23 декември 2022, а фирмата „Бојта ИНГ ДООЕЛ“ од Скопје треба да ги заврши сите зафати неопходни за трајно решение со кои ќе се обезбеди поголема сигурност и безбедност на тој свиок од ул„Тоде Думба“. Тука спаѓаат припремните и земјени работи, вертикална и хоризонтална сигнализација, сообраќајна опрема. Предвидено е банкината да биде со должина од 125 метри“, изјави Момчило Јовановски, од Секторот за комунални работи на општината.
Во тендерската документација строго се дефинирани условите, квалитетот и брзината на изведување на овој зафат. Засега се намонтирани само металните, лимени банкини, а подоцна ќе се постави и елестичниот дел ќе исцртаат пешачките премини и другите ознаки на патот. Предвидено е да биде поставена и вертикална рефлектирачка сигнализација,за поголема видливост во ноќните часови.
Жителите на улицата „Драган Стопаревиќ“ повеќепати реагираа до локалните власти да се најде трајно и побезбедно решение за ограда меѓу двете улици. Новата метална ограда беше поставена пред 4 месеци, откако беше скршена пред повеќе од две години. Свиокот на сообраќајницата е црна точка, досега се случиле голем број на сообраќајни незгоди, некои и со фатални последици.