Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во тек е продажбата на Тутунскиот Комбинат Куманово.
Огласот е објавен на 10 март, а заинтересираните купувачи своите понуди можат да ги достават до 26 март годинава.
Се продава фабриката со целокпупнот имот што влегува во стечајната маса. Комбинатот се продава без почетна цена, а која понуда ќе се прифати ќе одлучи Собранието на доверители. Има заинтересирани купувачи кои доаѓаа и ја гледаа фабриката, но колку ќе се пријават незнаеме, тоа ќе го видиме по отварањето на понудите-изјави стечајниот управник Зоран Денковски.
Целата постапка за избор на купувач ќе трае околу еден месец, по што доколку се постигне договор, фабриката конечно ќе добие сопственик и ќе се рестартира за неколку месеци.