×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се расчистуваше депонијата кај „Туш“ како дел од акцијата „Генералка викенд“

    08.05.2021 10:34 | KumanovoNews

        Голема акција за расчистување на дивата депонија кај маркетот „Туш„ беше спроведена вчера, во рамките на еколошката кампања„Генералка викенд-За чисто како дома исто“, во оранизација на Man and Mountain од Австрија, општина Куманово, АРМ, ЈП„Чистита и зеленило“, локални, и државни институции, невладини организации, граѓански активисти и поединци.

    Се расчистуваше депонијата кај „Туш“ како дел од акцијата „Генералка викенд“

    „Извалкајте ги рацете за да биде се чисто“, порача Гордана Манасијевска од  Man and Mountain, која ја истакна важноста на чистата околина и граѓанската одговорност за одржувањето и зачувувањето на природните ресурси.

    Градоначалникот Максим Димитриевски им се заблагодари на иницијаторите и учесниците за големата еколошка акција, посочувајќи дека таа е од голема важност за Општина Куманово, која се соочува со сериозни проблеми на планот на екологијата.

    „Постојано го одржуваме речното корито и локациите во градот, но со несовесното однесување се  создаваат диви депонии. Во градот има околу 70-тина диви депонии, а една од најкритичните е кај маркетот „Туш“. За да ја заштитиме оваа локација изградивме и детско катче, но проблемот останува. Сепак, наше е да работиме и да дадеме пример, а останатите се надеваме ќе го следат и Куманово ќе стане зелен град“, рече Димитриевски.

    Тој  посочи и дека очекува проблемот да биде надминат со изградбата на фабрика за преработка на отпад за Североисточниот и Источниот регион кај Свети Николе, со грант од ЕУ. Сегашната градска депонија во Куманово ќе стане трасфер станица, а Димитриевски се надева дека преку селекцијата на отпадот ќе се подигне и свеста и одговорноста на сите за еколошката средина.

    Иницијаторката Манасијевска најави дека генералка викенд во наредните два дена  ќе биде спроведена и во општините Крушево, Охрид, Дебар,Демир Капија, Гевгелија, Крива Паланка, Струмица и Велес.

    „Генералка викенд“ се спроведува со поддршка на ПАКОМАК, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделие и шумарство, 9 општини, училишта и локални поддржувачи, професионални и аматерски спортски клубови и Делегацијата на Европската Унија.