×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реконструира и ќе се гасифицира зградата на СВР Куманово, кажа министерот Спасовски

    05.03.2021 10:14 | KumanovoNews

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по повод Меѓународниот ден на енергетска ефикасност, денеска направи увид во градежните активности на зградата на СВР Куманово. Реконструкцијата почна пред еден месец, а предвидува замена на кровната конструкција,  инсталацијата, столаријата, санитарни јазли, а ќе се постави инсталација за приклучок на гас.

    Се реконструира и ќе се гасифицира зградата на СВР Куманово, кажа министерот Спасовски

    „Ова е еден од најстарите објекти можеби и во најлоша состојба во државата кој што започнавме да го реконструираме и навистина работиме на една темелна и квалитетна реконструкција, особено што мораме да имаме во предвид дека еден дел од зградата е изграден во 1929 година, а во последните 50 години немаме скоро никакви реконструкции или многу мали реконструкции во овој дел. Тоа покажува дека треба навистина сериозно да се зафатиме со реконструкција и токму поради тоа сме посветени во овој период, покрај другите објекти кои што ги работиме на територијата на целата држава, да го завршиме и објектот на СВР Куманово“, изјави Спасовски, кој очекува најдоцна до први август да заврши целосната реконструкција.

    Тој потсети дека за овие три и пол години, реконструирани се 54 објекти, додека во моментов се работи на реконструкција и санација на четири објекти и  тоа: Секторот за внатрешни работи Куманово, Полициската станица  Ресен и Полициските одделенија  Маврово-Ростуше и Дојран.

    „Најголемиот дел од зградите кои што ги реконструираме ги реконструираме со квалитетни материјали, односно материјали кои одговараат на заштитата на животната средина и на здравјето на граѓаните, и материјали кои што нудат енергетска ефикасност. Таков е случајот и со оваа зграда денеска, впрочем се трудиме, покрај создавањето на добри услови за полициските службеници, да користиме и вакви материјали кои што ќе бидат во функција на енергетска ефикасност и заштеда на МВР, меѓутоа даваме и придонес во заштитата и на животната средина и токму затоа конкретен пример може да биде и СВР Куманово каде што започнуваме со гасификација на целиот овој објект а на тој начин допринесуваме и кон оваа цел – да ја заштитиме животната средина“, рече министерот Спасовски.