Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска започна реконструкција на локалниот пат Војник - Бајловце, во должина од 4 километри.
Реконструкција на патот е дел општинската програма за изградба на патишта, а сретствата ги обезбедила Владата.
Со оваа реконструкција на патот ќе се решат децениските проблеми на жителите од овој крај, кои имаа голем проблем со патната комуникација со нашата и соседните општини. Истовремено се работи и на уште неколку патни правци во општината се со цел да се подобри квалитетот на инфраструктурата и целокупното живеење на жителите. Изградбата на патиштата значи нов почеток и поголем развој во овој дел на општината Старо Нагоричане- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Изведувач на работа е „Алпина“ од Скопје, а инвеститор е Агенција за патишта. Патот треба да биде завршен за 30 дена.