10. 10. 2019 08:36

Се реконструира водоводната мрежа на Михајло Пупин

Се реконструира водоводната мрежа на Михајло Пупин

  Започна реконструкцијата на водоводна мрежа на улицата „Михајло Пупин“ во населбата Перо Чичо.

–  Се работи на замена на 430 метри стара и дотраена водоводна мрежа, која не можеше да ги задоволи потребите за редовно снабдување со вода на граѓаните од оваа улица. Поради честите дефекти и проблеми со кои се соочуваме оваа улица влезе во програмата за реконструкција во оваа година  – велат надлежните.

Градежните активности треба да завршат до крајот на месецот.



2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk