×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реконструираат улици и се уредува просторот околу новиот трговски центар во Куманово (фото)

    02.06.2023 13:12 | Сузана Николиќ

    Интензивно се работи на уредување на просторот, реконструкција и проширување на улиците околу новиот стамбено - деловен центар, кај зелениот пазар, кој наскоро треба да биде пуштен во употреба. 

    Се реконструираат улици и се уредува просторот околу новиот трговски центар во Куманово (фото)

    Активностите ги спроведува Општина Куманово и траат повеќе од еден месец на улиците „Зелен Пазар“, „Страшко Симонов“ и „Трета МУБ“. 

    Моментално се работи на дел од „Трета МУБ“ на изградба на уште една коловозна лента, откако предходно се реконструираше тротоарот.

    „Отпочнавме со подготовка за реконструкција на дел од „Трета МУБ“ и изградба на трета лента кај градскиот пазар. Проектот е финансиран од Општина Куманово согласно годишната развојна програма и буџетот“, објави градоначалникот Максим Димитриевски. 

    За оваа намена од општинскиот буџет издвоени се 11.594.793.87 со ДДВ. 

    На оваа локација истовремено се уредува и нов простор за продажба на цвеќе на местото на поранешната продавница Елида, за да се тргнат тезгите од тротоарот.

    За потребите на новиот трговски центар Советот на Општина Куманово донесе одлука за времена измена на сообраќајот, па улицата „Страшко Симонов“ од едносмерна стана двосмерна за да можат возилата од „Трета МУБ“ да се исклучуваат кон подземната гаража на новиот објект.

    Новиот стамбено-деловен комплекс се изгради на местото на некогашната Фабрика за преработка на дрво „1 Мај“.

    (фото: Општина Куманово)