×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реновира зградата на Брза помош, службите привремено сместени во други објекти

    17.01.2023 10:33 | Оливера Пешевска

     Поради реконструкција на зградата во која што се смесени Итна помош, Домашна посета и Итна стоматолошка заштита, службите се преселени во други објекти. 

    Се реновира зградата на Брза помош, службите привремено сместени во други објекти

    Тоа доведе до збунетост на пациентите, кои не знаат каде да побараат здравствена заштита во ноќните часови, празниците и за време на викенд.

    „Домашната посета и ноќната амбуланта се дислоцирани во дворот на Општа болница Куманово, спроти одделот за невропсихијатрија. Итната помош привремено е преселена во Здравствен дом Куманово т.н. Уред на вториот кат, а итната стоматолошка помош во Школската амбуланта. Но, до крајот на февруари се очекува да завршат сите градежни и реконструктивни зафати, и службите ќе се вратат во своите матични простории“, вели Ваљдрим Мифтари, од Здравствен дом Куманово.

     Реконструкцијата на зградата започнала во втората половина на октомври, а надлежните тврдат дека ги информирале граѓаните со соопштение на вратите на објектот, како и преку социјалните мрежи и медиумите.

    (фото. архива)