Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До крајот на месецот треба да заврши поставувањето на гасоводот на улицата „Народна Револуција“, по што ќе започне реконструкција на коловозот и тротоарите
Изведена е инсталација на улиците Народна Револуција, Перо Шварц и Перо Чичо, а продоложува по улицата „Тонко Димков“ се до училиштето „Наце Буѓони“ и интернатот.
Новоизградената мрежа е во должина од 1,3 километри и ќе биде приклучена на мрежата на булеварот „Трета МУБ“, поточно кај маркетот „Рамстор“.
Првично било предвидено мрежата да се прошири до раскрницата кај Соколанскиот парк, но поради предвидената реконструкција на улицата продолжена е до улица „Биљановска“.
„Општинските служби не информираа дека ќе се работи на асфалтирање на „Народна Револуција“ заедно со реконструкција и средување и на тротоарскиот дел. Затоа се одлучивме да продолжиме до раскрсницата со улица Биљановска, за да не дојдеме во ситуација за година-две повторно да ја раскопуваме улицата. Постапивме логично и рационално за да се намалат трошоците и за да се забрза постапката за гасификација на градот“, изјави директорот Марко Митровски.