Се средува Стариот парк
10.06.2010 14:25
| KumanovoNews
Екипи на ЈП „Чистота и Зеленило„ од вчера започнаа со чистење и уредување на градскиот парк зад Автобуската станица. Работниците го изнесуваа ѓубрето, ја косеа тревата и ги кастреа гранките на дрвјата.

Ова е редовна акција за одржување на јавно-прометни и зелено цветните површини во градот. Кога ќе завршиме тука ќе продолжиме на локалитетот Табакана, каде истотака, треба да се окоси тревата и да се исчисти просторот-велат одговорните во претпријатието.