×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се степале две групи мигранти во Ваксинце, двајца завршиле во болница

    15.04.2021 09:12 | KumanovoNews

    Двајца Пакистанци се здобиле со тешки повреди во тепачка на две групи мигранти во село Ваксинце. Пресметката се случила вчера околу 14 часот во близина на поштата во селото, по што мештаните повикале полиција.

    Се степале две групи мигранти во Ваксинце, двајца завршиле во болница

    „Во Полициското одделение Матејче, Х.И. од с.Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во с.Ваксинце бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти. Полициски службеници излегле на местото и затекнале две лица со повреди од остар и тврд предмет, кои немале документи за идентификација и се претставиле дека се М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан. Тие биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани на лекување“, - соопшти МВР.

    За пресметката е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    (фото.архива)