×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се што е изградено во Куманово е од време на СДСМ, ВМРО со наведната глава треба да им се обраќа на кумановци, порачаа од СДСМ

    18.05.2023 15:04 | Сузана Николиќ

    Цели 30 години во Куманово се гради од страна на СДСМ на ниво на локална власт или директно со инвестиции од Владата, кога е предводена од СДСМ. ВМРО во најмала рака, со наведната глава треба да се обраќа на кумановци, бидејќи Куманово беше заборавено од страна на режимот цели 10 години, кажа на денешната прес конференција портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Митрички, одговарајки на обвинувањата изнесени на трибината на ВМРО-ДПМНЕ, дека централната власт не инвестира во градот.

    Се што е изградено во Куманово е од време на СДСМ, ВМРО со наведната глава треба да им се обраќа на кумановци, порачаа од СДСМ

    „Ај што не помагаа и не инвестираа, туку ја буткаа општината во се поголеми долгови, оставајќи ја без инвестиции и било каква помош. Со еден збор кумановци не постоеја за ДПМНЕ и нејзината влада. И сега без нималку срам и образ кон граѓаните, говорат дека во Куманово не се инвестира, притоа заборавајќи дека во време на оваа Влада се изградени многу значајни проекти“, додаде Митрички.

    Тој наброја повеќе проекти од областа на здравството, образованието, инфраструктура и социјалната заштита, кои се реализирани во изминатиот период. 

    Нов ургентен центар, центар за жртви од сексуално насилство, апарат за рана дијагностика за оштетен слух кај новороденчињата, мамограф, адаптација и доградба на градинките Детелинка и Синоличка, реконструкција на училиштето Киро Бурназ и полициската станица, изградба на водоводна и канализациска мрежа, се само дел од проектите кои беа спомнати.

    „Куманово денес е поврзано од сите страни. Реконструирани се сите мостови, рехабилитирани се сите регионални патишта, а само во последните 3 години се вложени над 28 милиони евра во рехабилитации на државни и магистрални патишта околу Куманово. Огромен број на проекти има од страна на Министерството за локална самоуправа ( над 80 мил денари) како и Министерството за финансии. Во време на СДСМ како локална самоуправа беше завршен булеварот „Трета МУБ“ , изграден е Градскиот кеј , 25 км. канализациона мрежам во вредност од 5 мил. евра, целосно реконструиран Градскиот плоштад, a денеска стоиме пред Градскиот базен кој исто така е изграден во време на СДСМ“, кажа Митрички, и најави дека неговата партија ќе продолжи да вложува во градот, заради создавање на подобри услови за живот по европските стандарди.