Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Интензивно се уредува јавната површина на ул. „Ленинова“. Пред еден месец се отстранија неколкуте времени објекти за да се постават полуподземни контејнери, а сега се поплочува пристапот пред зградите со бекатон плочки.
Станарите ја поздравуваат одлуката да се уреди овој простор, бидејќи тоа го барале и порано од локалната самуправа, но се плашат тоа да не биде нов паркинг кој ќе им го попречи влегувањето во зградата на ул. Маршал Тито бр.79.
„Бараме овој простор да остане пешачка патека, да се постават клупи и жардињети, а не да се прави паркинг простор за новата зграда. Бараме да се вратат столпчињата кои беа тргнати кога се градеше зградата, за да ни се овозможи безбеден пристап до зградите“, велат станарите кој живеат во зградата над поранешен „Вартекс“.
Градоначалникот Максим Димитриевски, на последната седница на Совет кажа дека неодамна се преселил во новата зграда на Градскиот плоштад, откако советниците прашаа зошто станарите не се паркираат во гаражата која се наоѓа под зградата туку на улицата, па го блокираат сообраќајот.