×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се уште активен пожарот во Бељаковце

    06.08.2021 09:07 | Сузана Николиќ

    Од 8 пожари кои вчера беснеаа на територијата на Општина Куманово, во моментот е активен само пожарот во селото Бељаковце.

    Се уште активен пожарот во Бељаковце

    „На терен се противпожарните единици на Куманово и јавните претпријатија, а испратени се и 80 припадници на АРМ, кои помагаат во ганење на пожерот. Вчера во еден момент во 45 минути имаше 8 пожари во кумановско, но во текот на ноќта сите се ликвидирани, остана само пожарот во Бељаковце. Се надевам дека ќе го локализираме во текот на денот“, изјави Горан Стојковски од ЦУК.

    На овој потег утринава во гаснењето учествувал и еден хеликоптер. 

    Вчера се вршела евакуација на жителите во селата Четирце, Зубовце и Довезнеце, бидејќи биле опожарени повеќе куќи и имало опасност да бидат зафатени самите села. 

     Во Општина Ранковце, активен е пожарот во селото Гулинце.