Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Градската библиотека минатата година се запишале 260 членови повеќе во однос на предходната година.
Нивниот вкупен број изнесува 2991 редовни читатели, кои позајмиле 32143 книги. Ова зголемување зборува дека се зголемува интересот на читателите.
Библиотеката, лани набавила вкупно 3334 книги или 973 наслови. Од нив 2489 книги се купени, 560 стручни книги се добиени од Владата, 242 книги обезбедило Министерството за култура и 43 книги се подарок од различни издавачи. Фондот на Библиотеката изнесува 184808 библиотечни единици.
Во тек е проектот “Автоматизација на библиотеките во Република Македонија”, кој ќе овозможи целосна дигитална обработка на книжниот фонд, кој ќе биде достапен до сите корисници, независно дали се членови на Библиотеката или им е потребна информација за книжниот фонд што го поседува самата Библиотека.