Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Автомобил мерцедес со кумановски регистарски таблички попладнево изгоре на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на м.в. „Света Петка„ во селото Младо Нагоричане.
Возачот С.К. од Куманово поминал без повреди, откако навреме ја напуштил колата.
Околу 16 часот возилото се запалило во задниот дел кај аусплухот, додека се движело кон Куманово. Пожарот го забележал возач на автомобил што возел зад него, и пријавил во полиција. Полициски возила го пресретнале мерцедесот кај „Света Петка„ и со противпожарни апарати се обиделе да го изгаснат огнот, кој се проширил и на останатиот дел од колата. Пожарот бил локализиран откако пристигнале пожарникарите.
Причините за пожарот и матерјалната штета дополнително ќе се утврдува.
Поради опасност од експлозија на автомобилот, сообраќајот на тој дел од патот бил во прекинат и пренасочен на стариот пат Куманово-Крива Паланка низ селото Младо Нагоричане.