Се запали стан на Октомвриска револуција
09.02.2015 15:30
| KumanovoNews
Се запали стан на улицата Октомвриска Револуција, во т.н. Плави згради, спроти маркетот Ќошар.

Пожарот избувнал околу 15.30 часот. Противпожарната единица веднаш излегла на терен и огнот е ставен под контрола. Неофицијално, пожарот е предизвикан од експлозија на телевизор во стан на третиот кат. Опожарена е дневната соба, од експлозијата скршени се стаклата на вратите и прозорците во станот. Повредени нема. Причинета е голема матерјална штета. Увид на лице место вршат екипи од СВР Куманово.