Се запали струјомер на “Младен Стојановски“
        15.04.2014 08:06
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во пожар синоќа изгоре струјомер на улица “Младен Стојановски“ над техничкото училиште “Наце Буѓони“.
                  Пожарот е пријавен во 22.55 часот и со едно возило и четворица пожарникари е локализиран во 23.15 часот. Од Противпожарната единица Куманово информираат дека освен оштетување на струјомерот, друга материјална штета не е предизвикана.
(фото: архива)


                  
                  
                  
                  
                  
                  



