Мени

Се запалил автомобил во движење на „Октомвриска“

03.02.2021 10:48 | KumanovoNews

Во СВР Куманово, утринава во 6.16 часот било пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило во движење „ауди кватро“ со тетовски регистарски ознаки на улицата „Октомвриска Револуција“ Куманово.

Се запалил автомобил во движење на „Октомвриска“

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица -Куманово, а повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.